Апартмани „Хестиа“

На само 7км од Берово, на месноста наречена Лаки се наоѓа Беровското езеро. Возејќи се по патот со прво здогледување на Беровското езеро, на само 50м, од вашата лева страна се наоѓа Берово Хестиа апартмани.

Објектот располага со 3 апартмани (4 возрасни), 2 студија (3 возрасни или 2 возрасни и 2 деца) и 2соби (2  возрасни). Секоја од собите е комплетно луксузно опремена, со сопствена тераса за релаксирачки одмор, ВЦ, ТВ, мини бар и интернет.

Апарманите и студијата се опремени со чајна кујна, а на располагање е и заедничка просторија-ресторант со кујна опремена со шпорет со рерна, фрижидер и машина за перење садови.

За деца е  обезбедено посебно катче во кое можат безбедно да си играат додека возрасните уживаат во дружење и консумирање на вкусните традиционални малешевски специјалитети, скара и готвени јадења, поткрепено со малешевска сливова ракија.