Апартман МАЈА

Доколку сте во потрага по место за одмор, релаксација и совршен престој во Берово, “Апартман Маја” Ви нуди незаборавни моменти на задоволството.

Сместен е на само 150 метри од центарот (чаршијата) на Берово, каде минатото се соединува со иднината, а традицијата го допира современото живеење. “Апартман Маја” има посебен влез за туристите што овозможува потполна дискреција и нуди цел спрат на располагање.

Апартманот располага со добро опремена кујна, купатило, две тераси, трапезариска и дневна соба со тросед, двосед и фотеља како и голема спална соба со брачен кревет и единечен кревет. Има и прекрасно дворно место, кое во летните денови е под сенка на стариот лешник. Апартманот е опремен со ТВ и кабловска телевизија како и безжичен интернет (wi-fi).

Куќата е идеална за фамилијарен престој, одмор и уживање. Можност да се ужива во погледот на старо Берово и амбиент што го нуди нашиот апартман е специјална привилегија за нашите гости. Околината на апартманот нуди прекрасна природа, чист воздух и мир, а гостопримството ќе ве изненади позитивно.