Спорт и рекреација

Кајак на мирни води

Oна што Берово го нуди едноставно треба да се види,  да се доживее,  да се почуствува. Затоа ако сакате вистински одмор далеку од градските бучави, во прекрасна природа, чист воздух и многу други убавини кои може да ви ги понуди нашиот град, тогаш повелете во Берово.

Вашиот престој овде ќе биде исполнет со прекрасни моменти и топло добредојде од нашите граѓани. Недопрената природа, традицијата, културата, единствените вкусови на храна, сигурно ќе ве натераат да останете уште ден-два повеќе.

Својот комфорт можете да го најдете во рамки на  трите туристички населби, со прекрасни предели за прошетка, спорт и рекреација, за излет со добро друштво или собирање шумски плодови и чаеви кои ги има во изобилство.

Можете да бидете сместени во преубавите викендици или во хотелите во традиционален стил во кои ќе можете да поминете прекрасни и незаборавни моменти.

Може да наидете  на бачила односно планински колиби каде што на традиционален начин се одгледуваат овци и изворно да ја видите подготовката на надалеку познатото Малешевско сирење.Ако еднаш дојдете во  Берово, сигурно ќе посака и повторно.