visitBerovo

Споменици и знаменитости

7:03 pm
|
Comments off
|
blog_2

Историските споменици се сведоштво и аманет оставен од претходните генерации кои се посветиле себеси за слободата, независноста и развојот на овој крај. Во градот и неговата околина може да се посетат повеќе историски споменици како од времето на турското ропство, така и од НОБ.

Позначајни објекти, споменици, спомен плочи и спомен обележја во Малешево и Берово се:

*Споменикот на водачот на Разловечкото и на Кресненското востание, Димитар Поп Ѓеорѓиев Беровски, на плоштадот во Берово кој го носи неговото име.

*Спомен-биста на Димитар Поп Ѓеорѓиев Беровски пред манастирот во Берово

*Спомен-биста на Јане Сандански на раскрсницата меѓу Берово, Пехчево и Виница, во Смојмирово.

*Спомен-биста на Дедо Иљо Малешевски пред Основното училиште во Берово, кое го носи неговото име.

*Спомен-плоча на местото на куќата во кој живеел Дедо Иљо Малешевски, која се наоѓа во близината на градскиот плоштад.

*Споменик плоча за Даме Груев, на врвот на Петлец, над селото Русиново, на местото кај што е убиен во 1906 година.

*Спомен-биста на Даме Груев во Русиново

*Споменик на Никола Петров Русински во близина на Музејот на град Берово

*Спомен-биста на Никола Петров Русински во дворот на основното училиште во Русиново кое го носи неговото име

*Споменикот на 50-та Дивизија во селото Митрашинци, подигнат на местото на нејзинито формирање на 17.09.1944.

*Спомен-обележје на стреланите граѓани во Втората светска војна на 03.10.1944 година, во близина на градскиот стадион во Берово.

*Спомен-плоча на зградата на полициската станица во Берово, за нападот врз бугарскиот участок од борците на Четвртата Македоонска бригада на ден 23.08.1044 година кога е и ослободено Берово.

*Спомен-плочата пред детската градинка во Берово на загинатите борци во НОВ од Малешево.

*Спомен-плочата во месноста Широки Дол – владимирско, за формирањето на 51.Дивизија во 1944 година.

*Спомен-плочата на Обозна, за битката меѓу партизаните и една единица на бугарската војска, во времето на Мајската офанзива 1944.

*Спомен-обележјето во Суви Лаки каде е формирано партиското поверенство за Малешево на 10.05.1942 година.

*Спомен-бистите на Леонид Пецовски, Чедомир Димитријевиќ и Панте Радински на Кејот на реката Брегалница во близина на Основниот суд во Берово.

*Спомен-бистата на Ацо Русковски пред средното училиште во Берово, чие име го носи.

*Спомен-бистата на Пола Бошначка во Владимирово, партизанка од ова село.

*Спомен-биста на Јован Козовски, партизан од Будинарци.

*Спомен-плоча на Ацо Караманов, на патот помеѓу Берово и село Смојмирово.

<< Назад

Top