visitBerovo

Култура

Развојот на туризмот во општина Берово во доста голема мера е поврзан со активностите во областа на културата и организација на културни настани.

Општина Берово во изминатите неколку години се повеќе е препознатлива туристичко - културна дестинација каде се организираат голем број на културни настани од кои дел од нив се традиционални и препознатливи за овој регион.

Почнувајќи од карневалот Ратевски Бамбурци кој се одржува на 20ти јануари секоја година, преку одбележувањето на Велигденските празници и достигнувањето на врвот на културните случувања преку Етно плоштад фестивалот и саемот “Малешевијата на дланка“ како дел од самиот фестивал, како и низата културни случувања преку целата година се постигнува еден совршен баланс на задоволување на сите вкусови на сите генерации кои се посетители на овие културни случувања.

<< Назад

Top