visitBerovo

Апартмани “ХЕСТИА“

Тони Кантурски

Моб: +38975 346 321

+389 070 206 615

E-Mail: rezervacii@berovohestia.mk

hestia@ berovohestia.mk

www.berovohestia.mk

 

На само 7 км. од Берово, на регионалниот пат Р-527 -Кочани-Виница-Берово-Клепало (граничен премин), се наоѓа Беровско езеро. Возејќи се по патот, со првото здогледување на Беровското езеро, на само 50 метри, од вашата лева страна се наоѓаат Хестиа апартманите кои се изградени во 2012 година. Објектот располага со 3 апартмани (4 возрасни), 2 студија (3 возрасни или 2 возрасни и 2 деца) и 2 соби (2 возрасни). Секоја од собите е комплетно луксузно опремена, со сопствена тераса за релаксирачки одмор, WC, ТВ, минибар и Wi-Fi. Апартманите и студијата се опремени со чајна кујна, а на располагање е и заедничка просторија-ресторан со кујна опремена со шпорет со рерна, фрижидер и машина за перење на садови.

За децата е обезбедено посебно катче во кое можат безбедно да си играат додека возрасните уживаат во дружењето и консумирањето на вкусните традиционални малешевски специјалитети, скара и готвени јадења, поткрепени со малешевска сливова ракија.

Категорија

Комфорт

<< Назад

Top