visitBerovo

Хотел Манастир

Адреса: ул. Кирил и Методиј  бр. 6

2330 Берово

Република Македонија

Телефон : +389 33 279 000

+389 33 279 011

Факс: +389 33 279 037

email: info@hotelmanastir.com.mk

WWW. hotelmanastir.com.mk

За нас

На излезот од градот Берово (на патот кој води кон езерото), е сместен хотелскиот комплекс "Манастир".Тој се одликува со традиционална манастирска архитектура, налик на манастирот Св. Архангел Михаил, до кој и се наоѓа, а од кој што е и добиена инспирацијата за неговиот изглед, воглавно поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши вонвременската убавина, при тоа постигнувајќи се беспрекорна хармонија.

Хотелот  'Манастир” е одличен избор и за оние на кои едноставно им е потребен само одмор или можеби рехабилитација. Зеленилото, свежиот воздух, високиот степен на концентрација на кислород во воздухот (највисок во Македонија), со сигурност многу ќе им помогнат ним, но и на тие кои ќе дојдат  во работна посета (семинари, деловни состаноци, работилници, работни средби), бидејќи сите знаеме дека многу поинаку се размислува во вакви услови.

Ако ви е здодеана бучавата, загадениот воздух, ако сакате чиста животна средина далеку од фабричките оџаци, силните електро магнетни зрачења на градот,  дојдете и земете дел од нашиот неисцрпен мир и спокој, бидете дел од екотуризмот.

 

 

СМЕСТУВАЊЕ

Хотелскиот комплекс  „Манастир” располага со сместувачки капацитет од 60 легла распоредени во две крила, односно 2 delux апартмани (над 60 м2), 3 стандард (двособни) и 5 класични апартамани, како и 22 соби, сите опремени со директна телефонска линија, мини бар, кабловска ТВ, бесплатна безжична интернет конекција, бања со тоалет, воедно сите апартмани и соби (со исклучок на 5) имаат и тераса со неповторлив поглед.

  • 2 delux апартмани- над 60м2(спална и дневен престој)
  • 3 стандард апартмани (двособни)
  • 5 класични апартмани
  • 1 трокреветна
  • 17 двокреветни соби
  • 4 еднокреветни соби

РЕТОРАН

Ресторанот е со  стандардна поставка за 64 особи и ентериерот му се одликува со елементи на етно - куќа. Летната тераса е во рустичен стил и е со 60 места. Опслужувањето е од национална кујна со мени богато и со локални специјалитети, со регионална привилегија на богатство на избор на еко-производи, карактеристични за Малешевијата и со вкус кој никогаш не се заборава.

  • ресторан со стандардна поставка за 64 особи
  • летна тераса со 60 места

СЕМИНАРИ

Големата сала за семинари и презентации е со 60 седишта, малата сала за состаноци е со 10 седишта. Тие заедно со капацитетот на легла кои што го нудиме и околината која ви ја претставивме го чинат хотелскиот комплекс  "Манастир", идеално место за одржување на семинари, презентации, конференции, деловни состаноци, едукација на кадри, средби и работилници, а ве уверуваме дека и вашите соработници, бизнис - партнери и гости ќе бидат воодушевени од вашоит избор.

·         LCD projector

  • Табла за пишување
  • Флип-Чарт
  • Фотокопир
  • Компјутрер
  • Безжичен интернет
  • DVD
  • ТВ
  • Факс
  • Телефон

Хотелскиот комплекс  'Манастир” во својата понуда  содржи и терен за тенис,  кој може да се пренамени во терен за фудбал или кошарка, детски парк со лулашки, изнајмување на велосипеди, сопствен паркинг простор, обезбеден со мониторинг. Организираме и посета на група на село со програма- традиционални селски обичаии и атракции.


•    терен за тенис- со можност за пренамена во терен за фудбал или кошарка
•    детски парк со лулашки
•    изнајмување на велосипеди
•    safety box
•    организираме и програма за team building

•    групен или личен водич за прошетки и планинарење

<< Назад

Top