visitBerovo

Ан ан Мегдан - Владимирово

Повелете во АН на МЕГДАН во село Владимирово

Мирчовски Јован

070/924-974

Ресторан ''АН на МЕГДАН'' се наоѓа во срцето на Беровското село Владимирово.
Место каде што ќе можете да уживате во прекрасните вкусови на традиционалната малешевска кујна и скарата на ќумур.

Тука е направен спој на убавото со традиционалното.

Извонредно место за релаксација се собите со поглед од едната страна накај ридовите и планините,а од другата страна со поглед на селото и рустичната градба на куќите.

Во близина на ресторанот се наоѓаат црквите ''Св.Илија ''и ''Св.Спас'',а недалеку од селото се наоѓа и манастирот  каде што истовремено можете да уживате во убавината кои што тука ги нуди природата.
Доколку сте љубител на познатото малешевско сирење тука можете  да посетите бачило и да го видите начинот на кој се прави сирењето.

Недалеку од селото постои и археололошки локалитет Бараица-населба од неолитско време.

АН на МЕГДАН, повелете, отседнете, уживајте во закуската, во амбиенталниот стил на традиционалната малешевска кујна и архитектура.

Еднаш посетете и повторно ќе наминете.

<< Назад

Top