visitBerovo

Абланица

Абланица е туристичка населба распространета на двете страни на р. Брегалница. Се наоѓа на 2 км од Берово и е местото со најмногу и најатрактивни археолошки локалитети во општината.

Може да ја посетите црквата “Св. Петка“ со фрескопис и иконостас изработен од локални уметници. Во моментот таму се наоѓаат над 150 викенд куќи, а дел од нив се приватни сместувачки капацитети во општината. Абланица е поврзана и со туристичката населба Равна Река во Општина Пехчево со пешачка патека која е долга 4 километри, а преку неа минува и пашечката патека Берово – Абланица – Беровско Езеро. 

<< Назад

Top