
Граничен премин Клепало - Бачило
За активноста
"Патување по самата гранична линија со поглед кон Пирин и вкусови од автентичното малешевско бачило."
Патеката е долга 4,5 км. и започнува од граничниот премин Клепало на 1300 м.н.в. Се пешачи покрај самата граница со Бугарија и од највисоката точка на 1400 м.н.в. се гледа Пирин Планина во Бугарија како и прекрасен пејзаж во Македонија од борова, букова шума и бројни ливади. Висинската разлика во пешачењето е 250 м. Патеката води до едно од најпознатите бачила во Македонија – Бачило “Клепало”, каде посетителите може да бидат услужени со локални малешевски специјалитети. Патеката завршува на асвалтниот пат до Клепалска река на 1150 м.н.в.
Поглед кон Пирин
Импозантна панорама кон врвовите на Пирин Планина во Бугарија од највисоката точка на патеката.
Гранична рута
Ретка можност за пешачење по самата линија што ги спојува двете држави низ недопрена природа.
Гастрономско доживување
Дегустација на автентично малешевско сирење, качамак и еколошки производи во Бачило „Клепало“.
Шумски диверзитет
Постојана смена на густи борови насади, букова шума и пространи планински пасишта богати со чаеви.

Рецензии- (0)
Преглед
Подготвени за авантура?
Што да понесете
- Планинарски чизми
- Вода (минимум 1.5Л)
- Храна
- Ранец
- Капа