Вчитување...

Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте
Под мотото ,,Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте", во Владимирово се реализираат Владимерските илинденски средби, манифестација која традиционално се одржува во пресрет на празникот ИЛИНДЕН.
Низ песни и забава, со културно уметничка програма и спортски натпревари 3 дена, во с. Владимирово се реализираат средбите, а многу жители од селото, ќе се вратат во родното огниште.
Средбите се отвараат со интерпретирање на Македонската химна, а пред присутните се обратија Претседателот на Здружение на граѓани Владимерски илинденски средби и Градоначалникот на Општина Берово.
На самото отварање, настапуваат групи од КУД „Димитар Беровски" и Староградскиот оркестар при Дом на културата „Димитар Беровски" од Берово.
Оваа манифестација во селото се одржува од 2005 година, а пред неколку години прерасна во масовна манифестација, под називот Владимирски илинденски средби.

Додади ја манифестацијата во твојот календар и не пропуштај ја!
Контактирајте не за детали за манифестацијата.