
Ресторан „Бастион“
Гастрономска магија со традиционален потпис
Во срцето на Берово постои место каде што храната не се конзумира само за да се засити гладот, туку за да се нахрани душата. Ресторан „Бастион“ ве пречекува со топол, софистициран ентериер и тивка атмосфера која веднаш ве вади од брзото темпо на животот. Овде менаџментот верува во едно едноставно правило: секој залак мора да биде незаборавно искуство. Вашата авантура започнува со познатата „Бастион даска“ - вистинска малешевска добредојде со домашно овчо и кравјо сирење, свинско од тегла и превкусни локални макала. Но, вистинската ѕвезда на менито се клисите. Подготвени на традиционален начин, со праз, вргањ или во помодерната варијанта како бургињон со свински бифтек, тие се заштитен знак на куќата. За љубителите на старите времиња, по нарачка подготвуваме автентичен мазник и печено јагнешко или прасечко месо кое се топи во уста. „Бастион“ е местото каде традицијата добива модерен пресврт, а секој гостин се чувствува како дома.
Специјалитети на куќата
Амбиент & специјалитети












