Сместување и престојadmin2021-02-12T23:48:25+00:00
Локации за сместување и престој
Беровско езеро
Беровско Езеро се наоѓа на 6 км од Берово, по патот за граничниот премин Клепало. Долж езерото се протегаат голем број вили, кои што можат да се изнајмуваат, прекрасни терени за излет, рекреација и спортови.
Абланица е туристичка населба распространета на двете страни на р. Брегалница. Се наоѓа на 2 км од Берово и е местото со најмногу и најатрактивни археолошки локалитети во општината.
Ако сакате вистински одмор далеку од градските бучави, во прекрасна природа, чист воздух и многу други убавини кои може да ви ги понуди нашиот град, тогаш повелете во Берово.
Населбата се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Берово, во јужната падина на Малешевските Планини со надморска височина од 940 метри. Од градот Берово е оддалечено 21 километар.