Комплекс Бела Вода

Бела Вода е етно-туристички комплекс лоциран во централниот дел на Малешевијата, приближно на 35 км од Струмица и 25 км од Берово. Пријатната клима за време на лето, есен, пролет, зима го прави овој регион чудесно и пожелно место за опуштање и уживање во даровите од природата преку целата година.

Комплексот располага со сопствен паркинг, отворен базен,бесплатен WI-FI и сместувачки капацитети во тип на бунгалови. Бунгаловите се уредени во етно традиционален стил и се опремени со ТВ, сателитска, посебен тоалет, фен и фрижидер. Располагаме со бунгалови со различен број на кревети, а максималниот капацитет е 8 лица во една вила.

Во склоп на комплексот се наоѓа и ресторанот Бела Вода Ви нуди вкусно зготвена традиционална храна, а во склоп со пријатен амбиент и професионален персонал, загарантирано ќе уживате.

Целата површина на комплексот се наоѓа во шума, одлична за спортски содржини, како што се прошетки, планинарење, планински велосипедизам, и пливање во отврениот базен. Освен тоа, нашите гости имаат на располагање 8 коњи, со кои организираме кратки и долги тури.

Природа, чист воздух, вкусна храна и забава за целото семејство, Комплекс Бела Вода Ви нуди се!