Беровско езеро
Беровско Езеро се наоѓа на 6 км од Берово, по патот за граничниот премин Клепало. Браната е изградена во 1970 година и е со височина од 60 метри со што е една од најголемите лачни брани во Република Македонија.
Бреговите на езерото се со бујна борова и листопадна шума.
На рамнините се протегаат терени со разнобојни цвеќиња, шумски плодови и разни чаеви.
За надополнување на времето за простор и рекреација околу езерото е изградена велосипедско – пешачка патека, а постои можност и за спортски риболов.
Долж езерото се протегаат голем број вили, кои што можат да се изнајмуваат, прекрасни терени за излет, рекреација и спортови. Со урбаниситчкиот план за развој на овој локалитет предвидени се места за изградба на викендички, хотелски комплекси и други рекреативни содржини, при тоа водејќи сметка да не се наруши природната рамонтежа.