Вила „Лина 2 и 3“

  • Адреса на локацијата: Беровско езеро

  • Лице за контакт: Ајтовски Зоран

  • Мобилен: 078-313-518 и 078-373-256

  • Категорија: стандард

  • Сместувачки капацитет: 18

Вила “ЛИНА 2&3” се лоцирани на Беровското езеро,на 6км од Берово

Вила “ЛИНА 2”располага со 4 спални соби од кои две се двокреветни со француски кревет, едната е со француски кревет и еден единечен и третата е на поткровје со три единечни кревети. Во Вила “ЛИНА 2” има три купатила, комплетно опремена заедничка кујна со трпезарија и дневен престој. Во дневниот престој  има камин кој е поврзан со централно греење.

Вила“ЛИНА 3” располага со 3 студија и 1 дуплекс апартман. И двете вили имаат доволно место,околу 600 метри квадратни во кој има сместено летна кујна,две скари,фурна, детско катче, пинг понкгмаса и базен.