Хотел „Манастир“
Адреса на локацијата: ул. Кирил и Методиј бр.6 Берово
Телефон: +389 33 279 000
Телефон: +389 33 279 011
Е-Маил: info@hotelmanastir.com.mk
Веб страна: www.hotelmanastir.com.mk
Категорија: комфорт
Сместувачки капацитет: 67
ЗА НАС
На излезот од градот Берово (на патот кој води кон езерото), е сместен хотелскиот комплекс “Манастир”.Тој се одликува со традиционална манастирска архитектура, налик на манастирот Св. Архангел Михаил, до кој и се наоѓа, а од кој што е и добиена инспирацијата за неговиот изглед, воглавно поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши вонвременската убавина, при тоа постигнувајќи се беспрекорна хармонија.
Хотелот ‘Манастир” е одличен избор и за оние на кои едноставно им е потребен само одмор или можеби рехабилитација. Зеленилото, свежиот воздух, високиот степен на концентрација на кислород во воздухот (највисок во Македонија), со сигурност многу ќе им помогнат ним, но и на тие кои ќе дојдат во работна посета (семинари, деловни состаноци, работилници, работни средби), бидејќи сите знаеме дека многу поинаку се размислува во вакви услови.
Ако ви е здодеана бучавата, загадениот воздух, ако сакате чиста животна средина далеку од фабричките оџаци, силните електро магнетни зрачења на градот, дојдете и земете дел од нашиот неисцрпен мир и спокој, бидете дел од екотуризмот.
СМЕСТУВАЊЕ
Хотелскиот комплекс „Манастир” располага со сместувачки капацитет од 60 легла распоредени во две крила, односно 2 delux апартмани (над 60 м2), 3 стандард (двособни) и 5 класични апартамани, како и 22 соби, сите опремени со директна телефонска линија, мини бар, кабловска ТВ, бесплатна безжична интернет конекција, бања со тоалет, воедно сите апартмани и соби (со исклучок на 5) имаат и тераса со неповторлив поглед.
- 2 delux апартмани- над 60м2(спална и дневен престој)
- 3 стандард апартмани (двособни)
- 5 класични апартмани
- 1 трокреветна
- 17 двокреветни соби
- 4 еднокреветни соби
РЕСТОРАН
Ресторанот е со стандардна поставка за 64 особи и ентериерот му се одликува со елементи на етно – куќа. Летната тераса е во рустичен стил и е со 60 места. Опслужувањето е од национална кујна со мени богато и со локални специјалитети, со регионална привилегија на богатство на избор на еко-производи, карактеристични за Малешевијата и со вкус кој никогаш не се заборава.
- ресторан со стандардна поставка за 64 особи
- летна тераса со 60 места
СЕМИНАРИ
Големата сала за семинари и презентации е со 60 седишта, малата сала за состаноци е со 10 седишта. Тие заедно со капацитетот на легла кои што го нудиме и околината која ви ја претставивме го чинат хотелскиот комплекс “Манастир”, идеално место за одржување на семинари, презентации, конференции, деловни состаноци, едукација на кадри, средби и работилници, а ве уверуваме дека и вашите соработници, бизнис – партнери и гости ќе бидат воодушевени од вашоит избор.
- LCD projector
- Табла за пишување
- Флип-Чарт
- Фотокопир
- Компјутрер
- Безжичен интернет
- DVD
- ТВ
- Факс
- Телефон
Хотелскиот комплекс ‘Манастир” во својата понуда содржи и терен за тенис, кој може да се пренамени во терен за фудбал или кошарка, детски парк со лулашки, изнајмување на велосипеди, сопствен паркинг простор, обезбеден со мониторинг. Организираме и посета на група на село со програма- традиционални селски обичаии и атракции.
• терен за тенис- со можност за пренамена во терен за фудбал или кошарка
• детски парк со лулашки
• изнајмување на велосипеди
• safety box
• организираме и програма за team building
• групен или личен водич за прошетки и планинарење