visitBerovo

Историја на регионот

Регионот Малеш бил заселен уште од праисториски времиња, за кое што сведочат и остатоците од населби и могилите. Големиот број регистрирани археолошки локалитети речиси не се изтражувани така да не може со сигурност да се каже од кое време се. Со теренско изтражување се соберени наоди, кои што даваат можност за относителна хронологија. Според народното предание името Малешево е од илирско потекло и доаѓа од зборовите mal – планина и malesi – планинска месност. Некои од научниците сметаат дека топонимите Малеш, Малешево, т. е. Малесево доаѓаат од старословенските зборови - мал лес, што значи мала шума, мала планина.

Во 4 век Малешево е во составот на државата на Филип и Александар Македонски. По распаѓањето на нивната империја, Македонија како и Малешево влегува во составот на римската провинција Македонија. Во 6 и 7 век на територијата на Малешево се заселуваат словени. На територијата на Малешево Константин Филосов ја составил азбуката кирилица. Со распаѓањето на Македонското Самоилово Царство Малешево паѓа под византиска власт. Името Малешево за првпат во пишуваните извори е спомнато во грамотата на византискиот император Василиј II во која зборува за бројот и составот на епархиите на Охридската архиепископија. Сто години подоцна Малешево се спомнува од страна на арапскиот патеписец Идриси. Некои научници, како Гае Цер сметаат, дека во 9 век епископијата од Морозвизд (Мородвис) била пренесена во Малешево, град кој што се наоѓал по горното течение на Брегалница, во прегратките на столетните букови и борови шуми, во чиј што состав според грамотата на Василиј II се Малешево и Пијанец.

Малешево од 1334 година влегува во составот на средновековната српска држава, потоа е во составот на феодот на Константин Дејан и се претпоставува дека во 1394 година градот Малеш бил разрушен од турците.

По Балканските и Првата Светска Војна Малешево влегува во составот на Кралството СХС од 20.05.1920 година.

Денес Малешево како географски термин опфаќа површина од околу 80.560 м² и опфаќа две општини – Берово (град Берово и селата Русиново, Владимирово, Ратево, Двориште, Смојмирово, Мачево, Будинарци и Митрашинци) и Пехчево.

<< Назад

Top